Човекот природно тежнее за живот во група, но мотивите за групирање може да се различни.
Понекогаш луѓето се групираат за деструктивни дејства, а некогаш за конструктивни и унапредувачки за човечкиот род или за другите родови на планетата.
Во продолжение видео на спонтано групирање на луѓе кои забележуваат застој на пожарникарско возило поради попречување на патот од друго возило.
Тие почнуваат без организација да се организираат околу автомобилот кој го причинува застојот, тргајќи го на страна со цел пожарникарското возило да помине и да пристапи до пожарот во зграда кој неконтролирано се шири.
Видеото во продолжение: