дома животен стил Црешите се вистинско богатство на природата и вкусен десерт што го најавува...

Црешите се вистинско богатство на природата и вкусен десерт што го најавува доаѓањето на жешките летни денови

239
0

Овошјето, особено сезонското, треба да го има на сечија маса секој ден. Сега црешите се актуелни, кои претставуваат врвен благодет за нашето здравје.

Од гледна точка на исхраната, нивните придобивки се високо ценети: тие се добар извор на антиоксиданси, витамин Ц и диетални влакна, а немаат маснотии и се без натриум и холестерол. Поради богатството со хранливи материи и во исто време умерено количество калории, црешите се одличен извор за сите оние кои се грижат за телесната тежина.

Црешата е тесно поврзано овошје со сливи, а малку подалеку со праски и нектарини. Плодот на црешата е кружен месест со семка, типичен за коскесто овошје, црвен до црно-виолетова боја, во зависност од сортата, многу вкусно и корисно овошје за јадење и преработка. Во нив уживаа уште во Каменото време, а римските војници секогаш во своите освојувања со себе носеа цреши.

Црешите, како и другите овошја, се богати со антиоксиданти кои штитат од слободни радикали и го забавуваат процесот на стареење. Црешите својата темноцрвена боја ја должат на антоцијаните, антиоксиданти со силни антиинфламаторни својства.

Со нискиот гликемиски индекс,мала содржина на шеќер, црешите се добар избор за дијабетичари, бидејќи тие го намалуваат нивото на шеќер во крвта.

Флавоноидите од цреша се природни антиинфламаторни лекови кои ги ублажуваат симптомите на алергии и астма, и го зајакнуваат колагенот, кој е клучен протеин за здравјето на кожата, коските и сврзното ткиво.

Извор: vecernji.hr

претходниот член,Не ја фрлајте кората од портокал, можета да ја искористите на многу начини
Следната статија„Кај баба Цана“ е повеќе од гостилница, тоа е историја

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде