Гостите кои планираа да го поминат летото во Црна Гора се пренасочија кон конкурентни дестинации, пишува Подгорица, Победа и наведува дека заради строгите мерки за влез во Црна Гора поради епидемијата на вирусот корона, туристите ја избираат Албанија.

Туристите од Белорусија и од Украина се заинтересирани да доаѓаат, но тоа не се исплаќа заради тестот за ПЦР, се наведува во весникот, додавајќи дека туристичката индустрија предлага укинување на ПЦР тестот и воведување на „посилна“ контрола.

Според Здружението на хотели и станови на Општина Улцин, поповолните мерки за влез воведени од Албанија довеле до тоа дека нивните туристички капацитети се исполнети до 90 проценти во однос на лани.

Со оглед на ваквата состојба на пазарот за туризам од една страна и големо влијание што туризмот го има врз економијата на Црна Гора од друга страна, туристичката индустрија очекува надлежните институции во Црна Гора да најдат одржливи решенија што ќе овозможат економските активности да ги искористат предностите на остатокот од туристичката сезона, наведува Победа.

Извор: novosti.rs

претходниот член,Од први јули за влез во Грција мора да се пополни PLF формулар за лоцирање на патници
Следната статијаПотврдата на македонски јазик во преговарачката рамка на ЕУ стигнува непосредно пред избори, дали тоа ќе донесе нови поени за СДСМ?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде