На крајот на август годинава, во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување се регистрирани 151.368 невработени лица, што претставува намалување за 0,04 проценти на месечно ниво и зголемување за 32,2 проценти на годишно ниво, соопшти Заводот.

Во август, бројот на невработени падна во споредба со јули, а намалувањето, според дневните податоци на веб-страницата на Заводот, продолжува и во септември.

Бирото во моментов има 146.920 невработени, што е за 4.448 помалку од крајот на август, пренесува „Јутарњи лист“.

На годишно ниво, бројот на невработени продолжува да расте со стапка од над 30 проценти поради состојбата со пандемијата.

Извор: Сител / Фото: Википедиа

претходниот член,Мафијаш одгризал прст на затворски чувар па го проголтал
Следната статијаДали времетраење на карантинот ќе се намали од 14 на 10 дена?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде