Образовната платформа која требаше да овозможи услови за реализирање на наставниот план преку учење преку далечина не е функционална.

Првиот учебен ден преку „онлајн“ настава помина неславно бидејќи долгонајавуваниот софтвер за вмрежување на учениците со наставиците – „падна“.

Незадоволството од „решението“ на владата и МОН за реализирање на настава во услови на епидемија, родителите најавија дека ќе го изразат со бојкот на онлајн настава.

Министерката за образование, Мила Царовска на прес-конференција изјави дека бојкотот на наставата нема да донесе ништо добро и дека родителите треба да соработуваат во изнаоѓање на начин и прилагодување кон новонастанатите состојби со епидемијата, кои за сите беа непредвидливи.