дома информација вест Човек ли е, аватар ли е? – Тетовиран французин добил отказ од...

Човек ли е, аватар ли е? – Тетовиран французин добил отказ од позицијата „наставник“ бидејќи ги плашел децата

955
0

Учител на училиште чие тело, лице и јазик е покриено со тетоважи и на кои белките на очите му биле хируршки направени поцрни, изјавил дека бил спречен да предава во француска градинка откако родители се пожалиле дека ги плаши нивнните деца.

Но, наставникот Силвен Хелејн, 35, кој предава на деца од шестгодишна возраст рече дека, по почетниот шок кога ќе го видат за прв пат, неговите ученици го гледаат неговиот изглед со љубопитност.


Сите мои студенти и нивните родители беа секогаш кул со мене, бидејќи во основа тие ме познаваа – рече Хелејн, кој процени дека поминал околу 460 часа под иглата на тетоважите.


Само кога луѓето ќе ме видат од далеку и не ме познаваат добро, можат да го претпостават најлошото.


Тој рече дека минатата година предавал градинка во Основното училиште „Доктор Морер“ во Паласо, предградие на Париз, кога родителите на тригодишно дете се пожалиле до образовните органи. Тие рекоа дека нивниот син, имал кошмари откако го видел.

A man has been tattooing himself every day since going into isolation because of the coronavirus

Извор: CNN