дома информација вест Нов пристап кон право на азил и справување со европската мигрантска криза

Нов пристап кон право на азил и справување со европската мигрантска криза

900
0


„Дистрибуцијата на азиланти во Европа нема да се врши сега засега“ е конечниот став на австрискиот канцелар Себастијан Курц пред презентацијата на големиот проект за реформа на системот за азил на Европската комисија.

– Сметаме дека дистрибуцијата во Европа не успеа и дека многу земји ја одбиваат

– рече шефот на австриската влада, осврнувајќи се на земјите од Централна Европа кои одбиваат да примат мигранти кои пристигнале во Грција или Италија.

-Ќе создадеме нов пристап во решевање на европската мигрантска криза и тоа со подобра заштита на надворешните граници, заедничка борба против шверцерите и испраќање помош – додаде Курц.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, предложи укинување на Даблинскиот договор, спорното основање на политиката на Европската унија за азил. Според тој декрет, барањата за азил ги обработува првата земја на Унијата во која дошол мигрантот.

Извор: Novosti.rs