Аргентина се обидува да ја реши мистеријата за појавата на коронавирус кај 57 морнари по 35 дена поминати на море, и покрај фактот дека сите биле тестирани негативно пред да испловат.
Рибарскиот брод ,,Ечизен Мару” се вратил во пристаништето откако дел од морнарите развиле симптоми кои одговараат на ковид-19, објави вчера Министерството за здравство.
Според министерството, 57 од 61 члена на екипажот сега се позитивни на коронавирус.
Сите биле тестирани 14 дена пред испловувањето, биле негативни и поминале низ задолжителен карантин во хотел во Ушуаја, сè додека не се качиле на бродот.
Само двајца морнари се негативни за вирусот, а резултатите се очекуваат за уште двајца членови на екипажот.
Ова е нов нејасен детаљ околу начинот на пренос на корона вирусот и извори на зараза по сознанието дека вирусот се пренесува и преку воздух.
Извор: Канал5