Наутро облечете се послоевито, попладне нè очекува топло време

1529

Денеска ќе бидат забележани повисоки дневни температури во споредба со изминатите денови.

Сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Во Скопје утринската и минимална температура ќе изнесува 9 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени.

Извор: УХМР