Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се позитивни на КОВИД19.

Ова вест Трамп ја сподели со јавноста преку неговиот „Твитер“ налог, при што најави дека заедно со неговата сопруга ќе бида во изолација.

Засега останува непознато како американскиот претседател се заразил со смртоносниот – корона вирус.

Во објавата на неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“, Трамп не дава подетлни информации за неговата здравствена состојба по добивање на „позитивен тест“ на корона.

Во голем број од коментарите може да се прочита дека вест за тоа дека актуелниот претседател е заразен со КОВИД19, која доаѓа непосредно пред изборите за претседател, може значително да влијае врз кампањата и изборните резултати.