Љубовта е една од најсилните емоции на која се фундира партнерскиот однос, за жал таа не е секогаш присутна во партнерствата и не е камен темелник на сите партнерства. На пример многу од граѓанските бракови функционираат на принципи, договори и граѓански должности, а љубовта е истисната или сосема споредна.

Исто така, кога некој ќе ни се допадне сакаме да дознаеме дали гаи посебни емоции кон нас и согласно тоа да го ориентираме своето однесување и заемно делување.

За жал зборот „Те сакам“ стана многу експлоатиран, па луѓето даваа моќни изјави на љубов дури и ако станува збор за некоја друга природа на однос – навика, опсесија, страв од напуштање и слично, но не на чист однос на љубов.

Еве неколку сигурни знаци по кои ќе препознаете дали тој/таа е заљубен во вас:

Покажува интерес за работи кои се поврзани со вас

Личноста која е заљубена во вас ја интересира се што е поврзано со вас и за неа нема неважна тема кога вие сте во прашање.

Таа едноставно обожава да ве слуша кога зборувате, да ве чита кога ги изразувате своите ставови, да ве набљудува како се однесувате кон другите, природата или животните. Сака да ве запознае како личност со сите нејзини ставови, вредности, светогледи, емоции и спомени и со вас да изгради длабока и темелна врска.

Наоѓа разни начини да ви приде или да ви го посвети времето

Личноста која е заљубена во вас ќе наоѓа различни начини да ви приде и да биде во ваша близина бидејќи таа го сака вашето присуство и ужива во вашата близина.

Дури и кога има куп обврски личноста која е заљубена секогаш ќе најде време и меѓувреме кое ќе ви го посвети само вам.

Има заеднички планови за иднината

Оној што ве сака, ве вклучува во сите планови за иднината и во неговите/нејзините говори за иднината вие сте секогаш присутни.

Личноста која ве сака, сака воедно и да имате заеднички работи – како професија, дом, заеднички патувања, заеднички деца, заеднички миленици и сл.

Има почит кон вас

Почитта оди рака под рака со љубовта и не може да има љубов ако нема почит помеѓу партнерите. Затоа дали некој е заљубен или не во вас ќе препознаете по тоа дали и колку ве почитува.

Доколку во било кој момент почувствувате непочит од страна на личноста во иста реченица со „Те сакам“ тоа значи дека имате работа со личност на која не и треба љубов, туку партнер за трошење време, патување, готвење, чување на деца, за се освен не на партнер во кој е заљубен.

Не постои друга личност на светот која го/ја привлекува освен вие

Луѓето кои се заљубени во една личност, неа ја издвојуваат од сите други. Сите други луѓе се на една страна, а личноста во која се заљубени е сосема посебна.

Во нивните говори никогаш нема да слушнете како коментираат во љубовен контекст некој друг освен личноста во која се заљубени, тие не флертуваат со други и нивниот центар на љубовен свет е личноста во која се заљубени.

Ако вашиот партнер пред вас зборува за други мажи или жени, нема потреба да останувате уште во такво партнерство. Секој посакува да биде сакан и почитуван, а не да му се дава да знаење дека е лесно заменлив колку и еден просечен предмет.

Заљубените луѓе сакаат што повеќе време да поминуваат сами

Тие го сакаат туѓото присуство но на кратко. Просто сакаат да уживаат во својата љубов и еден во друг. Имаат богат сексуален живот, заеднички активности, целосно се посветени еден на друг.

Ако времето поминато со партнерот го засновате на време поминато во трети лица, тогаш веројатно вашиот партнер одамна го изгубил вашиот интерес и вие неговиот. Во таков случај време е за прекинување на партнерството.

Заклучок

Дали некој ве сака или не, не е тешко да се оцени. Не мора да кинете цветче со ливчиња и да чекате „глас“ од вселената да ви јави дали некој ве сака или не. Вие веќе длабоко во себе го знаете тоа, само што голем број од нас решаваат да се залажуваат или даваат време да дојде конечно до заљубување до кое веројатно никогаш нема да дојде.

И за крај, единствен аргумент некој да ви е во вашето присуство е љубов и секое прифаќање на нешто помалку ќе ви ги сруши соновите, потроши животот и ќе ве направи длабоко несреќни личности.

Магдалена Стојмановиќ за Мој збор