Од тоа дали ќе бидете продуктивни и ефикасни зависи изгледот на вашиот живот, среќа, исполнетост, задоволство, признание, унапредување и сл. Продуктивноста и ефикасноста подразбираат исполнување на дневните задачи, цели и обврски успешно, навремено и квалитетно.

Дали ќе бидете продуктивни и ефикасни зависи од многу нешта: концентрација, внимание, енергија, добра здравствена состојба, урамнотеженост во задоволување на потребите и сл.

Ви даваме неколку совети како да ја подобрите својата психо-физичка состојба и да бидете продуктивни и ефикасни што е можно повеќе:

  • Подобрете ја вашата циркулација

Крвотокот пренесува потребни материи до сите делови од телото. За да имате добар крвоток потребно е да ја зголемите вашата физичка активност и да ги активирате вашите мускули. Половина час пешачење или 15 минути утринско трчање ќе ви помогнат вашиот крквоток да биде правилен во текот на целиот дел.

  • Подобрете ја вашата исхрана

Калорична храна бара многу енергија за дигестија. Наместо да го оптоварите вашиот дигестивен систем и да ја насочите енергијата во варење на храна, јадете храна која лесно се вари и ви дава дополнителна енергија. Вашата порција нема изобилува со зелена боја во која има најмногу хлорофил и железо, мала доза на протеини и масти од растително потекло (јаткасти плодови). На тој начин ќе му дадете доволно храна на мозокот директно, а дигестивниот систем ќе биде лесен што ќе ви даде дополнително чувство на полетност.

  • Бидете организирани

Доколку не можете да направите визуелна организација на активностите во вашата глава, направете листа на дневни задачи кои треба да ги остварите, до кога и на кој начин. Листата е најдобро да ја направите пред спиење и да ви биде потпирач и водач во текот на целиот ден.

  • Сонот е важен за добра психо-физичка состојба

Квалитетено континуирано спиење од 6-8 часа значително ќе го подобри вашиот когнитивен и конативен капацитет. Легнувајте си пред 23.00 часот и поминете најмалку 6 часа во сон.

претходниот член,Забрана за влез во Германија на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ
Следната статијаЦрногорските власти го рушат конакот на манастирот св. Василије во Црна Гора

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде