дома животен стил Како да го надминете раскинувањето и разделбата со луѓе

Како да го надминете раскинувањето и разделбата со луѓе

189
0

Секој однос помеѓу луѓето има рок на траење. Животно сме предодредени да се разделуваме со луѓето со самиот факт што сме смртни суштества. Сепак често постојат и други причини за разделба, а разделбите со луѓето сите ги сфаќаме помалку или повеќе трагично.

Во книгата „Флуидно општество“, социологот Зигмунд Бауман зборува за карактерот на реалациите помеѓу луѓето во современието. Според него, релациите што ги гради современиот човек се краткотрајни, чести и многу на број и дека перцепцијата, вредностите и начинот на живот е сосема променет под влијание на односите помеѓу луѓето.

Нив пак ги диктира општествената организација, но колку и да се кратки и помалку блиски релациите, разделбите со луѓето оставаат силен впечаток врз нас.

Скоро сите се радува на почетоците на пријателствата, љубовните врски, браковите, почетоците во кои се запознавате со нови луѓе, но кога ќе дојде крајот, присутни се сосема спротивни емоции.

Неколку психолошки совети како да ги надминете полесно разделбите:

  1. Усвојте го сфаќањето дека ништо не е вечно кога е во прашање човекот

Дури и самите ние и нашиот живот е конечен, конечен е и животот на другите луѓе, буквално се тече и се се менува. Никој не ве присилува да избришете со гума од вашите спомени некого, чувајте го во добро, но едноставно мора да прифатите дека понатаму животот треба да ви тече без негово присуство во него, барем не на таков начин како што сте го имале.

2. Бидете со пријателите

Велат дека пријателите со својата љубов ги рехабилитираат сите ваши рани. Наместо да очајувате, да се осамувате и да бидете затворени во својот свет, излезете, разговарајте со пријателите, примете ја нивната љубов, прегратка и утеха.

3. Најдете го она што најмногу ве смее

Секој човек има одредени работи кои можат да го насмејат до солзи, кога сте скршени пробајте да се смеете гласно. Смеењето природно ќе ве насочи кон побрз излез од вашата состојба и ќе привлекува околу вас позитивна енергија, а не очајничка која може уште толку да ве докрајчи.

4. Секогаш постои некој поради кој вреди да се живее, смее и љуби

Сигурно секој од нас има барем еден човек на планетава кој ни го осмислува животот и не сака бесконечно, дали се тоа нашите родители, нашите деца, партнери, пријатели или роднини. Едноставно некому сте му се во животот и имате должност да бидете тука поради тие луѓе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде