Изминатите неколку недели актуелна тема е иднината на Универзална сала.
Во јавноста се прошири вест дека град Скопје планира изградба на нова Универзална сала и целосно менување на изгледот на постојната.
Архитектската фела во Македонија едногласно се спротистави на идејата на град Скопје, истакнувајќи дека Универзална сала носи многу спомени и обележја за Скопје.
Сепак и покрај неколку неделни турбуленции во јавноста Шилегов не се откажува од својата идеја Универзална сала да биде рестраврирана и да се изгради нов објект на друга локација.
Сепак она што збунува е дали реставрацијата ќе го зачува оригиналниот изглед на Универзална сала или тој ќе биде целосно сменет.
Се чини дека токму тоа е точката околку која спорат од една страна архитектите и граѓаните на Скопје, а од друга страна локалната власт.
Извор: Сител