дома животен стил Идеална исхрана за поттикнување на вашата активност во време на работниот ден

Идеална исхрана за поттикнување на вашата активност во време на работниот ден

393
0

Исхраната е важна не само за опстојување и нормална функција на организмот туку и за начинот на кој ќе одговорите на сите ангажмани кои ве очекуваат во текот на целиот ден и во каква форма ќе бидете.

Храната е извор на енергија, но и голем потрошувач на енергијата. А од видов на храна која ја конзумирате зависи дали, на кој начин и на кој квантитет на обврски ќе може да одговорите.

Ако имате работно време во траење од 6-8 или повеќе часа ви предлагаме универзално мени кое ќе ви даде енергија во текот на целиот работен ден:

Овошје

Не сите овошја се извор на исто количество на енергија. Две овошки треба да бидат задолжително присутни во вашиот оброк додека треање вашето работно време.

Станува збор за јаболка и банана. Тие имаат висок степен на хранливост, се извор на калиум, магнезиум, витамин Ц и други неопходни растителни влакна кои ќе ве нахранат и ќе ви дадат енергија.

As the apple import ban crumbles, is it time to go bananas?

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се многу важен дел од дневниот оброк. Тие треба да бидат присутни барем во еден оброк дневно. Индиски ореви, бадеми, лешници, ореви и сл. се богат извор на протеини и масти што ќе ви дадат енергија за да можете да го истуркате денот.

Just A Handful Of Nuts May Help Keep Us From Packing On The Pounds As We  Age : The Salt : NPR

Вода

Често се залажуваме дека енергетски пијалоци, сокови и шеќер ни дава енергија. Вистината е дека водата е најважна за нормална функција на организмот. Ниту една клетка од нашиот организам не може да опстои без вода.

Не ја занемарувајте водата во текот на вашиот оброк.

The Health Benefits Of Drinking Water – CentralBottle

Пченични производи

Оброкот не мора да ви биде без леб. Во суштина леб, геврече, или кифла се совршен извор на енергија. Тие ќе ве одржат сити и ќе ви ги дадат потребните растителни влакна за нормална фунцкија.

Pennsylvania German Amish Milk Bread Recipe

претходниот член,Коронавирус: Теско започнува да ги рационализира клучните елементи за да спречи повторување на недостигот
Следната статијаПрвата црна мисица во светот се осврнува на нејзината бурна победа 50 години подоцна

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде