Утринската храна треба да ви даде, а не одземе енергија. Од тие причини треба да конзумирате – лесна и течна храна, која сепак ќе ви ги обезбеди сите потребни нутритиентни и ќе ви даде енергија за активностите во текот на целиот ден.
Доручекот не треба да следува после ништо други, дури ниту по вода или чај, а уште помалку по кафе или цигара.
Идеално време за доручек е половина час откако ќе се разбудите, а по внес на храната можете да внесувате и други состојки во организмот – како утирнско кафе, чај или цигари доколку сте пушач.
Еве неколку предлози со што да ја наполните утринската чинија:
- Мед наместо шеќер
Доколку имате потреба од слатко наутро, наместо намирници што содржат шеќер, конзумирајте мед. Можете да јадете леб со путер и мед.
2. Јајца се совршени за доручек
Јајцето содржи протеин, па наместо месо најдобро е да земете неколку јајца наутро. Најздрава варијанта е да ги сварите во вода, но некогаш и омлет може да биде добар избор за вашата утринска чинија.
3. Избегнувајте работи кои содржат многу масти
Бурек не се јаде наутро, ниту работи кои се пржени во масло од фритеза. Поентата е да имате здрав оброк на база на јаглехидрати, протеини и мала количина на масти. Бурекот ќе ви ја земе енергијата и наместо да сте активни во текот физички, целата енергија ќе ви ја собере системот за варење.
4. Сиров зеленчук е совршен оброк
Порција со салата е совршен избор за ваш оброк. Иако зеленчукот содржи повеќе вода и брзо се вари покрај порцијата со салата може да земете и некои намирници кои ќе ви дадат доволно протеини и масти – како на пример парче сирење, јајце или парче леб.
5. Избегнувајте десерт
Доручекот треба да е умерен и тој не предвидува десерт. Најдобро за доручек е да јадете она што може да се собере во една мала порција за оброк.