СДСМ и коалицијата 46 мандати,ВМРО-ДПМНЕ-44,алијанса за Албанците и Алтернатива-12 , Левица -2 и ДПА – 1.

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме” води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ и коалицијата освои 46 мандати на вчерашните избори, покажува првичната симулација на интернет страницата на Државната изборна комисија

Потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 44 пратеника, исклучително висок резултат имаат ДУИ со 15мандати. Потоа следи коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива која има 12 мандати, Левица со 2 мандати и ДПА со 1 пратеник.

Извор: Канал5/фото: Нова Македонија