дома информација Епидемијата ќе ги затвори продавниците за трговија на мало и ќе ги...

Епидемијата ќе ги затвори продавниците за трговија на мало и ќе ги замени со онлајн купување

1202
0

Бројот на корисници на Интернет во Кина достигна 940 милиони до јуни годинава, а стапката на приклучување на Интернет е 67 проценти, објави кинескиот информативен центар за Интернет (CNNC), додавајќи дека Кина е најголемиот пазар за трговија на мало преку Интернет.


Бројот на корисници на Интернет на мобилните телефони е 932 милиони. Во извештајот за развојот на Интернет се наведува дека Кина е најголем пазар за трговија на мало преку Интернет од 2013 година, седум години по ред.

До крајот на јуни 2020 година, бројот на луѓе кои купуваат стоки преку Интернет достигна 749 милиони, што е 79,7 проценти од вкупниот број корисници на Интернет, пренесува CRI.

Во првата половина на оваа година, вкупниот износ на плаќања од мобилни уреди во земјата достигна 196,98 трилиони јуани, што е зголемување за 18,61 процент во однос на истиот период минатата година.

-Дали онлајн купување на производи со вклучена достава ќе ги затвори продавниците за трговија на мало, особено откако пандемијата го смени начинот на живот?

Во првата половина на годината, преносите во живо за продажба на стоки станаа упориште за стимулирање на економскиот раст.

До јуни 2020 година, бројот на следбеници на преноси во живо од овој тип во земјата достигна 309 милиони, додека вкупниот број на овие преноси надмина 10 милиони, што ги следеа повеќе од 50 милијарди гледачи.

Дали Кина е предвесник на нов тренд на затворање на продавниците за трговија на мало и нивна замена со онлајн продавници?

Извор: Танјуг