дома информација вест Еве кај е отруен Навални, а не е аеродромот како што се...

Еве кај е отруен Навални, а не е аеродромот како што се претпоставуваше:

190
0

Рускиот опозиционер Навални го привлече вниманието на светската јавност откако пред неколку недели беше отруен.

Имено во првичната верзија тој испил чај на аеродром после кој му се слошило во авионот кој летал за Москва по што е ургентно префрлен во руска болница.

Од таму стигна извештај дека не постојат знаци на труење, по што семејството на Навални побара дополнително медицинско згрижување и медицински извешрај од Германија.

Лекарите во Германија потврдија дека станува збор за труење на Навални, но овој извештај наиде на остри суди и негирања од страна на руските лекари.

Во изјава за медиуми Навални откри дека тој се почувствувал лошо кога пиел вода од бокал во кој се наоѓал отров поставен за него.

Тоа значи дека тој бил отруен во хотелот каде што престојувал, а не на аеродромот како што првично се претпоставуваше.

Извор: CNN

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде