Адвокат стар 41 година неодамна ги даде своите богати родители на суд обидувајќи се да ги присили да продолжат да го поддржуваат финансиски на неодредено време.
Човекот од Лондон чие име не е откриено, тврди дека неговите родители свесно ја негувале неговата зависност од нив во последните 20 години, за неодамна ‘значително да ја намалат’ нивната финансиска поддршка, откако ги расипале односите.
Тој сакал судијата да донесе одлука неговите родители да продолжат да го издржуваат, а неговите адвокати цитирале закони во врска со бракот и децата за време на виртуелното сослушување во семејниот суд.
Интересно е тоа што 41-годишниот невработен адвокат моментално живее во стан во центарот на Лондон, сопственост на неговите родители и не плаќа кирија.
Покрај тоа, тие му ги платиле сите сметки за комунални услуги, но очигледно тоа не му било доволно, пренесува Одити Централ.
Додека во Јапонија со закон е предвидено децата да се грижат за старите родители и предвидена е можност родителите да ги тужат децата доколку сметаат дека нередовно ги посетуваат и им пружаат нега, во западните земји е обратно, децата ги тужат родителите бидејќи не ги издржуваат дури и на 41 година.
Извор: Канал5