Растенијата се едни од најстарите жители на Земјата.

Животот без нив е незамислив и тие се главните произведувачи на кислород што ни е неопходен за дишење и на органска храна во светот.

Сепак многу од луѓето патат од т.н „слепило кон растенијата“ што е термин воведен за луѓе кои немајќи свест за значењето на растенијата ги уништуваат, оштетуваат и им го прекинуваат животот.

Слепило кон растенијата имаат многу луѓе, а еве што се подразбира под тој термин и препознајте дали сте еден од луѓето кои патат од слепилово:

Често кинење листови од дрвја или цвеќиња

Некои луѓе не се ни свесни дека кинат растенија додека се фокусирани на разговор со другите или додека нешто размислуваат.

Кинењето на растенијата и покрај тоа што е несвесен процес тој укажува на тоа дека некому му е непријатно од мислите во моментот или разговорот што го води.

Потребата за деструкција која ја чувствува како резултат на чувството на нелагодност за жал убива голем број на растенија прекинувајќи ја врската помеѓу листот и стеблото или стеблото и коренот.

Газење по трева

И покрај тоа што има патека предвидена за чекорење и знак дека тревата не треба да се гази, некои луѓе одлучуваат да поминуваат преку трева и куп други растенија наместо по регуларен пат.

Тој гест недвосмиселно укажува на отсуство на свест кон растенијата.

Кинење на овошка која се уште не е зрела

Луѓе често берат овошје додека е уште зелено. И покрај тоа што не може да го искористат во ништо не узреаното овошје тие го прекинуваат природниот процес на зреење на плодот кинејќи го од листот.