Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

На седницата беше заклучено Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило низ територијата на Република Македонија за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кое не беше опфатено со мерките за државјаните на овие земји.

Владата на Република Mакедонија на оваа своја седница ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19, и го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.

Неколку истражувања покажаа дека КОВИД19 не препознава ниту природна, ниту вештачка имунизација и дека откако еднаш ќе влезе во организмот останува да биде „темпирана бомба“ која во секој момент може да предизвика влошувања на здравствената состојба.

Согласно таа информација сосема е нелогично националните влади да носат одлуки кои се поврзани со набавка на вакцини и задолжување на граѓаните тие да ги примаат.

Фото: vlada.gov.mk