дома животен стил Вечна дилема: Дали е зачинета храна е здрава?

Вечна дилема: Дали е зачинета храна е здрава?

1091
0

Постојат луѓе и култури кои фаворизираат зачинета храна. Зачините се едни од главните мотиви за наоѓање на морскиот пат до Индија во периодот на 16 век.

Можете ли да замислите каков вкус би имала храната што ја јадете, ако не се употреби ниту еден единствен зачин при нејзино приготвување?

Раширен е мит дека зачинета храна сериозно може да го наруши вашето здравје, но вистината е дека постојат бојни здравствени придобивки доколку сте љубители на луто, пикантно и зачинето јадење:

Лутото ја намалува болката

Додека лутото ги активира рецепторите за болка на јазик додека се јаде, но вистината е дека лута храна значително ја намалува болката откако ќе се внесе во организам.

Некои студии покажале дека едно луто пиперче има сличен ефект во поглед на намалување на болката колку и еден ибупрофен.

Го штити срцето

Зачинета храна доколку се јаде во умерени количини може да ја подобри работата на срцето. Лутото помага наталожените масти во крвните садови побрзо да се согорат и на тој начин ја намалува можноста од срцев удар.

Не пречи во варење

Лутото не може да предизвика чир на желудник или хемороди, но може да ви причини иритации доколку веќе имате чир на желудник или хемороиди на дебелото црево.

Помага во губење на тежина

Кај нас важи правило дека лутото го „отвора апетитот“ но во суштина тоа е погрешна перцепција, бидејќи лутото го намалува апетитот и потребата за внесување на храна, правејќи ви ги рецепторите за храна поосетливи, тие престануваат да бараат храна.