дома информација вест Белград под вода, поплавени подземни премини, улици, пливаа автомобили, контејнери (видео)

Белград под вода, поплавени подземни премини, улици, пливаа автомобили, контејнери (видео)

53
0

Големо невреме вчеравечер го погоди Белград предизвикувајќи поплави во некои делови од градот.

За само три часа од 17 до 20 часот паднаа повеќе од 50 литри дожд, па улиците се најдоа под вода, поплавени беа подземните премини, подвозниците, гаражите, автобуската станица.

Многу граѓани се нашле заробени во поплавени возила среде сообраќајници, пожарникари и полицајци спасуваа патници и од трамваите и возилата.

Најмногу бил погоден стариот дел на градот, како и центарот. Невремето го зафатило и Нов Белград.

Денеска после вчерашното невреме сопствениците на локалите ја пресметуваа штета и се обидуваа да го отсранат блатото, гранките, нечистотиите кои водата им ги донесе во нивните локали, цел ден ја испумпуваат водата од подрумите и исцрпуваат блато. Трамвајските линии повторно се во функција, а не беа во текот на ноќта.

Извор: novosti.rs

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде