Епидемиологог на светската здравствена организација Марија Ван Керх која изјави дека луѓето кои немаат симптоми на новиот корона вирус ретко ја шират инфекцијата, се корегира за да нема недоразбирања по реакциите од неколкуте експерти и врвни епидемиолози. Дека таквиот став би можел да им отвори проблем на владите кои се обидуваат да го намалат ширењето на КОВИД-19.

„Од многу ограничените информации што ги имаме сега, се чини дека луѓето имаат најголема количина на вирус во организмот непосредно пред да се појават симптомите или кога ќе започнат да се развиваат“, рече Марија ван Керхове.

Ван Керхове појасни дека нејзината изјава се однесувала само на неколку студии, а не на целосната слика за коронавирусот и објасни дека некои луѓе не развиваат симптоми, но сепак можат да заразуваат други.

Таа вчера рече дека луѓето кои се тестираат позитивно и немаат симптоми, генерално, не ја пренесуваат инфекцијата.

Извор: Канал5