Во текот на вчерашниот ден, на собраниската седница се одлучуваше за избор на претседател на Собранието на Македонија.
Со мнозински број на гласови одлучено е Талат Џафери, дезертер од АРМ за време на конфликтот од 2001 и истакнат борец на ОНА повторно да биде претседател на новиот собраниски состав.
По тој повод се јавија политичарите од Тирана кои ја честитаа победата на Џафери и го поканија да биде дел од нивната прослава за неговиот реизбор.
Собранискиот спикер Ручи, покрај поканата за прослава изразил огромно задоволство од „зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Македонија“.
Извор: МИА