дома животен стил Ако сакате да имате добра линија, дружете се со послаби луѓе

Ако сакате да имате добра линија, дружете се со послаби луѓе

856
0

Иако на прв поглед ќе ви изгледа како неверојатна теорија, сепак постојат многу логички објаснувања зошто треба да се дружите со слаби луѓе ако сакате да одржите добра линија.

Опкружувањето има голем имплакт врз поединецот вклучувајќи го и неговиот изглед кој според денешните животни стилови има и стекната, а не само наследна или природна основа.

Фитнес и спа центри, пластична хирургија и козметичари се едни од најангажирани професии, токму поради тоа што изгледот станува „прототип“ кој е возможно да се постигне.

Доколку направиме епохален пресек и историска ретроспекција, ќе увидиме дека идеалот за убавината се менувал и дека најголем број на луѓе го следеле токму тој идеал.

Да се биде убав значи да се биде „добредојден“ во општеството, а убавината особено во светот на масовни медиуми и глобализација се шири преку конкретни стереотипи.

Може да забележите дека жените се повеќе личат една на друга поради начинот на шминкање, местење на коса, облека, структура на тело и сл. Се што не може да се постигне преку спортска активност и шминка, може да се постигне со пластична хирургија.

Дека околината има големо влијание врз тоа како ќе изгледаме е хипотеза која може да се докаже низ неколку примери, воедно и преку примерот дека дружењето со слаби луѓе, ќе придонесе за тоа изгледот да биде сличен на нивниот:

Опкружете се со луѓе, какви што вие сакате да станете!

Психологија на група

Социјални експерименти потврдуваат дека психологија на група е многу моќна. Викнете во група – Бегај и видете колку луѓе ќе почнат несвесно да го следат вашето однесување.

Ако групата во која припаѓате се поединци кои немаат проблем со вишок килограми и гојазност, тогаш вие ќе го следите тој пример и ќе преземате се да го примените тој образец на изглед и да бидете прифатени во групата.

Начин на живот

Полесно е да одржувате оптимална тежина, со луѓе кои постојано внимаваат на својата исхрана и спортуваат отколку со луѓе кои имаат нездрав животен стил, што најчесто води до гојазност.

Ако сте опкружени со луѓе кои спортуваат и се хранат здраво, ќе го следите нивниот стил на живот, што ќе се одрази на вашиот изглед.

Концепт на нормалност

Нормалното поведение во суштина е поведение кое е најзастапено. Нормален изглед е изглед кој е најзастапен во вашиот социјален простор.

Ако имате вишок килограми и се наоѓате во средина за која гојазноста е тип на пореметување и сериозно нарушување на здравјето, тогаш се поголеми шансите да обрнувате повеќе внимание на вашиот изглед, на тоа што јадете и како изгледа вашето тело.

За разлика од опкружување во кое повеќе луѓе имаат вишок килограми и водат поинаков стил на живот, тие нема да ви замерат и да ве направат посензитивни за вашите вишок килограми.

Имитација

Кога поединец ќе се најде во една средина тој најчесто го имитира однесувањето на другите. Ако се најдете во библиотека, нема да почнете да танцувате, најверојатно ќе извадите книга нешто да прочитате.

Така е и со контекстот што го имаат местата каде што се движите. Ако со своите пријатели одите во теретана, наместо во кафана, тогаш веројатно ќе имате поинаков изглед од луѓе кои за времето кое сте го потрошиле на кардио вежби некој го потрошил да јаде висококалорична храна со алкохол.

Теретаните станаа омилено место за луѓето на кои им треба мотивација за вежбање. Не е исто да се вежба сам во домашни услови и во друштво. Во друштво мотивацијата е поголема токму затоа што постои имитација на другите. Ако сите вежбаат, ќе вежбате и вие!