Сатсанг кој користи за индивидуално и општо добро – начин на кој се враќаат многу карми, е применување на следните вистини:

  • Што кога соговорникот не ве ни сослушува?
  • Што кога соговорникот наметнува волја без да ве сослуша дали и вие има да кажете нешто?
  • Што кога соговорникот не знае да дебатира, туку одма се лути и кара?

-Сето ова е присутно кај неинтелигентни луѓе.

Секој развоен процес на човекот мора да помини низ 4 фази:
(овие фази се различни за секој човек и некој може да ги помине побрзо, а некој побавно, а некој и во неколку животи никогаш да не ги помини)

-прва фаза – РАЗБИРАЊЕ НИЗ ИСКУСТВО (најниска фаза)

-втора фаза – РАЗБИРАЊЕ ПРЕКУ ЗНАЕЊЕ

-трета фаза – ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (кога разликуваш)

-четврта фаза – ФАЗА НА ЉУБОВ (кога се знаеш без процес, без напор, без волја, без ангажман – се знаеш онака како што е; во секоја ситуација се знаеш).

За да дојде до разбирање или до комуникација измеѓу двајца, мора двајцата да имаат НАЈМАЛКУ искуство на интелигенција.

Разбирање на комуникација е невозможно кога најмалку едниот или двајцата се на фаза на искуство или на фаза на знање (интелектуалци, образование, имаат добро семејство, добро наследство-знаење од нив).
Ниво на интелигенција – има потреба од комуникација.

Четвртата фаза – нема потреба за комуникација, зошто постои разбирање за се.
Значи двајцата (не едниот !) мора да бидат во фаза на интелигенција за да имаат конверзација/комуникација.

Комуникацијата се однесува на два начини:
-Преку дебата
-И преку ораторство

Односот на полу-вистини ја содржи дебатата, а односот на крајните вистини ја содржи ораторството.
Така да, ако некој се обраќа преку ораторство не можеш да го побиеш, нема менување тука, останува автентично. Тоа е највисоко ниво на однос. Тука има само крајни вистини.А, односот на полувистини, е само дебата, и кога ќе дојди на крај завршува во ораторство.

Што е дебата ?

Дебата е т.н надминување на полувистини. Едниот кажува делумна вистина, другиот му враќа исто со полувистина, ама поголема од претходната. Оваа втора делумна полувистина ја содржи и првата и е дополнета. Пример имаш елече, а потоа имаш елече со ракави.Сега, првиот, ако најде поголема полувистина од втората, ќе ја изрази. И така расте, расте, се додека се дојде на нема, веќе поголема вистина. Се доаѓа до крајната вистина, таа е една и над неа нема веќе ништо. Кога веќе е кажано најдоброто – дебатата е завршена.

А, ораторство е кога ќе најдеш некој кој го знае крајното и кажува се одеднаш.Тука нема побивање, а во дебатата има.

ИНТЕЛИГЕНЦИЈА– знак на препознавање и знак на прифаќање најдоброто !!!

Не само да го препознаваш, туку и да го прифаќаш !
Исто и во дебатата, интелигентниот и препознава и ја прифаќа таа вистина од другиот.
Ако евентуално – не се интелигентни – нема дебата.
Јалови се разговорите, има гужва, карање, инает, нема унапредување.
Секогаш некој оди контра – ЕГОТО оди напред, кога нема интелигенција. Разговара со егото. Човекот разговара со егото и само оди контра. Не ја ни препознава вистината, ниту ја прифаќа, за она што му кажувате.

Ако некој е заинтересиран за ДЕБАТА, А НЕ ЗА КАРАЊЕ – мора да е заинтересиран за крајната вистина.Ако не е заинтересиран – нема дебата – СО ТОЈ ЧОВЕК ПОСТОИ САМО КАРАЊЕ. Деструкција.

Услов за да постои дебата – е секогаш да се има искуство и дозвола и прифаќање на рамноправност !!!
Тој со кого дебатираш без разлика каков е (дали е подобар или не) МОРА да е РАМНОПРАВЕН со тебе !
Во дебатата дури и да има неспоредливи разлики – мора да има рамноправност. Мора другиот да го прифатиш рамноправно.
Доколку некој има мисли – дека е подобар или полош другиот – нема дебата.

ЗНАЧИ, за дебата се бара ВИСОКА КУЛТУРА.

КУЛТУРА – е стадиум каде функционираш на начин каде немаш што да поправаш на себе, фактички имаш совршенство. Или со други зборови кажано, тоа е завршна култура.
Но, под култура се подразбира – да ги почитуваш однапред утврдените правила.
Правилно, до 21 година човек треба да го има завршено ова.
Она што денес се мисли, дека култура е да не плукаш или да не пцуеш – тоа е зошто човештвото има голема деградација. Тоа значи дека се уништува човечкиот род, тоа е криминалитет на човечкиот род. Тоа не се човечки особини.Тоа не е култура. Тоа е испод култура.
Не може да се рече за таков човек дека е некултурен, туку е испод својот род. Не ја заслужува човечката форма – се уште не е човек.
Со него не можеш да имаш разговор, комуникација (било каква).

Кога човек од старт наметнува волја, а не дебатира, не комуницира – нема достоинство на човек, тој е испод човек, зошто тоа е насилство.
Се што е насилство – не е човечки – и тој исто не заслужува човечка форма.Пример му наметнуваш со сила храна на некој, па дури и мајка да е, вршиш насилство. И правиш карма со која ќе одговараш пред Бога.

Затоа не наметнувај волја – сослушај прво !

– Говорот е највисоко цивилизирано средство за дебата и ораторство – нема поезија, нема музика, нема бајки во говорот. Се уметничко е под тоа, тоа се шекерчиња за залажување.
Уметноста не е средство за просветлување. Ако си на пониско ниво од дебата и ораторство, полесно ќе се извадиш меѓу уметност, спорт (а, и тоа не е потребно), читај поезија за да те направи похуман ако не си, ете ќе те омекне.
Види колку пропаднало човештвото, што дошло во позиција многу да се твори. Инаку, сето тоа е губење време.
Кога ќе дојдеш до врвот – повеќе не можеш да твориш, не можеш да создаваш. Можеш само да се смееш. Секогаш си расположен и весел. Ако се другите напнати, ќе им кажуваш смешки да ги опуштиш, а ако се опуштени и ти си опуштен со нив; друго ништо не правиш.

Ако дебатата не заврши со крајна вистина – луѓето или некој од нив е неинтелигентен, не се дораснати за дебата, не се луѓе.

Ако човек верува во својата вистина, која не е точна, и те убедува дека е вистина – не сакаат напредок, не ја сакаат вистината, велат сакам просветлување, а бегаат од тебе, и сакаат и тебе да те вратат назад.

Овде нема што повеќе да прашаш или кажеш, гледај само применувај го во пракса.

Уште на старт на дебатата, ако човекот е нервозен, бесен, лут, прави гримаси, блокиран е, НЕМОЈ да дебатираш со него.Тој не е способен сам да се разбери, а не пак со тебе !
Од него не очекувај рамноправна дебата. Тој не те ни сослушува.Од старт знај, дека со него нема разбирање. Со него можеш да имаш само конфликт.

Кога пријател ти се одмаздува преку разни постапки:

Одмаздољубивоста има корен – љубомора и завист. Тој кој има љубомора кон тебе, секогаш ќе ти се одмаздува. Повремено или привремено.
Мислењето, дека некој е подобар од него, го тера да му се одмаздува, омаловажува, понижува другиот. Иако, може да сте пријатели, тоа е скриено непријателство.
И боговите молчат пред вистината, без разлика кој ја кажал. Ако ти не молчиш пред вистината, не сакаш просветлување.
Некогаш, ако некој мудрец победел во дебата друг мудрец, тогаш овој му станувал учител.
Денес, ти станува непријател или одмаздољубив пријател.
И таа игра се врти во животот…

(извадок од непознат извор)