Член на кризниот штаб и познатиот пулмонолог Бранимир Несторовиќ се пофалил на својата страница на Фејсбук дека ја објавил книгата „Меѓу два света“.


-По неколку години болки во трудот, Библијата ми е подготвена. Има 600 страници, има интересни теми како за лежерите, така и за лекарите (исто како што и одговара на „контроверзниот“ доктор) – напиша Несторовиќ.

Несторовиќ во нашиот регион стана познат по контроверзни изјави поврзани со епидемијата предизвикана од КОВИД19.

Тој на почетокот тврдеше дека вирусот е смешен и дека најчесто ги напаша машките тела, што значи дека жените може слободно да одат на шопинг во Милано (каде беше европското жариште на пандемијата).

Подоцна тој ги ревидираше и промени своите ставови, а сега тврди дека корона вирусот се „однесува“ многу нетипично за групата на вируси каде што припаѓа и дека е сосема нов феномен во медицинската литература и пракса.

Извор: Новости