Квалитетен сон е пола убавина и здравје, затоа значајно е возрасен човек да помине најмалку измеѓу 6 и 8 часа во квалитетен сон. Освен што е важно колку спиете, важно е и во кој период од деноноќје го правите тоа. Медицинските лица препорачуваат одење во кревет не покасно од 23.00 часот, бидејќи најефикасно е спиењето од 23.00 до 02.00 часот.
Со однос на брзиот начин на живот, стес и секојдневни обврски, луѓето често имаат проблем со несоница или имаат нарушен сон, што е причина за нивно лошо расположение, намалена ефикасност и продуктивност во текот на денот, или во најлош случај развој на соматска болест.
Со цел да го подобрите вашиот сон, ви нудиме неколку совети и техники чија примена дава резултати:
- Не јадете ништо најмалку 2 часа пред спиење
Полниот желудник е често причина за нарушување на сонот, бидејќи наместо организмот да одмара, енергија се троши во варење на она што сте го изеле или испиле пред легнување.
2. Релаксирајте го вашето тело со топла вода и ароматички релаксаторни средства
За мускулите целосно да се опуштат од акомулираниот стрес, потребно е да поминете неколку минути под топол туш, во када или во сауна. На тој начин телото ви се ослободува од стресот и мускулите се олабавуваат.
3. Средете ги вашите мисли
Често луѓето кои имаат секојдневни грижи и проблеми, на нив мислат пред да заспијат бидејќи тогаш човек има најмногу слободно време за размислување. Не му дозволувајте на вашот ум да шета, окупирајте го со книга која ве релаксира или филм со смирувачка содржина. На тој начин вашиот ум ќе биде окупиран со позитивните впечатоци од содржините со кои го храните.
4. Елиминирајте светлина од телефон, комјутер, јаки светла и звуци
Пред да заспиете, осигурајте се дека во вашата соба не преовладуваа тежок воздух, јаки светла и звуци. Препорачливо е да пуштите провев во собата неколку минути пред да легнете, а на тој начин ќе го освежите воздухот. Можете да употребите и мала доза на спреј од лаванда која дополнително ќе влијае релаксирачки врз вашите сензори.
Намалете го светлото од телефонот, таблетот, телевизорот или комјутерот доколку го користите пред спиење за читање или гледање на филм. Регулирајте го звукот на помалку звучни единици и подгответе го вашето тело за одмор.
Доколку не се одлучите за книга или да филм пред спиење, пуштете класична музика тивко. Докажано е дека класичната музика помага во фокусирање на умот и опуштање на телото.
Во собара пуштете пригушено или сосема слабо осветлување, докажано е дека малку светлост позитивно влијае врз умот давајќи чувство на сигурност и безбедност во просторот.