дома животен стил Како да внесете повеќе „живот и радост“ во вашиот дом со минимално...

Како да внесете повеќе „живот и радост“ во вашиот дом со минимално преуредување

1097
0

Домот е место каде што поминуваме најголем дел од денот. Добро барем за голем дел од нас е тоа најголем дел од денот, а за оние за кои не е, тогаш сигурно е омиленото место во кое се враќаат после исцрпната работа или патување.

Поголемиот дел од луѓето настојуваат да имаат компактни, функционални и добро организирани простори, во класичен стил.

Тоа значи дека во домот има само онолку колку што е нужно да се функционира, она што зафаќа најмалку простор и она што е во склад со потребите.

Исто така комбинацијата на фоми и бои во домот е таква да дава впечаток на „класично“, уредено со вкус и со посебен естетички план.

Сепак таквите домови колку и да се убави и практични, не зрачат со вообичаена топлина што очекуваме да ја има „местото“ во кое ќе се чувствуваме – сакани, потребни, свои, слободни и добредојдени.

Еве неколку мали трикови со кои можете да го постигнете ефектот на „топол“ дом:

FIND OUT: 3 Secret Minimalist Home Design Interior Items | Inspriration

Комбинација на бои

Најголемиот дел од предметите во нашите домови имаат неутрални бои и тонови како што се – бела, црна, сива и сл. Голема грешка е ако во таква комбинација за бои во деталите внесете некоја ладна боја – како на пример сина или боја која ќе даде впечаток на „кич“ – црвена или циклама.

Најдобро е да употребите портокалова или жолта боја и тоа во ситни детали – како вазна за цвеќе, ламба, часовник, перничиња на софата и слично.

Важно е да има ускладеност на бои, па така најдобро е бојата на перничињата да се согласува со бојата на вазната во трпезаријата како просторот би ви изгледал хомоген и непресечен.

Додајте мали предмети кои ќе ви го збогатат просторот

Додајте носи перничиња на софата, нов чаршав на масата во весела боја, нова вазна за цвеќе, или нови ароматизирачки свеќи.

Така ќе се чувствувате дека вашиот дом нешто го освежува и ви помага да се чувствувате ведро, весело и разиграно.

Вдомете милениче

Миленичињата се составен дел од просторот во домот. Ако имате милениче вашиот дом ќе ви изгледа полно секогаш кога ќе се вратите во него.

Миленичињата секогаш ќе ви се радуваат бесконечно многу и ќе ви го подарат бесценетото чувство на „добредојденост“ во просторот.

Катче арт

Фотографии по ѕидовите или по полиците за ТВ и книги се веќе демоде. Убаво е да имате некоја порака или животна маскима која е мотивација за целото ваше семејство и за вас буди посебни емоции, спомени и ве потсетува на целите што ги имате како заедница.

Убаво е да имате принт со мотивациска порака, постер од место каде што заедно сте ги поминале најубавите моменти, или нешто што асоцира на вашата животна филозофија – како на пример жена која вежба јога или човек кој се моли, или гулаб што лета – буквално се што ја отелотворува вашата животна филозофија како заедница.