Град Скопје вечерва преку соопштение информира дека Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должноста директор на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.

Ова доаѓа по информацијата дека неговиот брат Цуфи Кока е лицето од фотографијата кое е со пиштол на плоштадот Скендер Бег за време на денешните протести.

– Градот Скопје, како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите. И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност – стои во соопштението од кабинетот на градоначалничката на Скопје