Дневната промена на тежината е нормална. Може да зависи од тоа што и колку сте јаделе, пиеле, вежбале или дури сте спиеле. Тежината на просечниот возрасен човек може да варира од 2 до 3 килограми дневно, на што влијае и задржувањето на водата.
Сепак, дали забележавте дека имате најмалку килограми наутро?
- Телесната тежина наутро
Најмалку килограми има наутро, кога ќе се разбудиме. Ова се случува затоа што телото е малку дехидрирано во овој дел од денот. Ова објаснува како задржувањето на водата може да доведе до поголема телесна тежина.
Нашето тело согорува калории и додека спиеме ги стимулира основните телесни функции како што се дишењето или потењето, што исто така го дехидрира телото.
Значи, дехидрацијата е една од основните причини зошто слабееме наутро. Водата сочинува околу 50 до 60 проценти од телесната тежина на возрасен, а овие мали промени можат да додадат или одземат неколку килограми.
Совет е дека ако сакаме да ја следиме нашата тежина, тоа да го правиме наутро, пред да консумираме храна и пијалоци.