Јајцата се совршен појадок, но не се препорачува да бидат ваш избор за вечера.
Јајцата се најбогат извор на проетеини и затоа треба да се редовен ден од вашата исхрана.
Зошто не се јадат јајца за вечера?
Жолчката од јајцето е полна со масти кои тешко се варат и метаболички обработуваат.
Јадењето јајца навечер може да го оптерети вашиот дигестивен систем и да предизвика лош квалитет на сон.
Варено или пржено јајце за појадок?
Можеби ќе се изненадите, но за појадок е подобро да изберете пржено јајце и тоа во маслиново масло.
Наместо омлет или кајгана, изберете јајце на око кое упива помалку масло и секако не јадете ги јајцата премногу пржени.
Убаво е да има и течен дел бидејќи во течна состојба жолчката побрзо се процесира во организмот.
Вареното јајце е добар додаток за ручек, но тоа не ги содржи потребните масти кои се нужни за добар и енергичен старт на денот.
Јајце испржено во маслниново масло е одлична комбинација на проеини и „добри“ масти.
Не заборавајте го и зеленчукот во утринскиот оброк и послужете го јајцето со авокадо, домат или краставица.