Докажано е дека татковците во првите 4 месеци од родителството развиваат одредени делови од мозокот. Оваа промена влијае и на татковците и на бебињата, бидејќи благодарение на присуството на таткото, децата учат да се справуваат со своите емоции.

Во текот на првите недели, бебето почнува да учи како да размислува, да замислува, да учи за работите во неговата околина.

Ова се нарекува когнитивен развој и започнува веднаш штом бебето ќе ги отвори очите. За тоа многу придонесуваат татковците и затоа е исклучително важно да се вклучите во грижата за децата од самиот почеток.

Едно истражување е спроведено на Империал колеџ во Лондон, Кралскиот колеџ и Оксфорд. Истражувачите набљудувале како татковците си играат со своите тримесечни бебиња три минути на подот, без играчки, а потоа ги снимале две години подоцна, додека нивните родители им читале книги.

Докажано е дека бебињата кои имале силна врска со своите татковци постигнуваат голем успех и лесно ги препознаваат боите и формите во споредба со оние деца на кои татковците не им се посветени.

Читањето влијаело и на когнитивниот развој на детето и го поттикнувало детето да решава проблеми, да има подобро внимание и полесно да учи.

Присуството на таткото, покажа оваа студија, има поволно влијание врз социјалниот развој на детето.