За еден месец се извршени повеќе од 1.820 прегледи и контроли во новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија.
Со ова пациентите се одделуваат од сите други пациенти во останатите амбуланти, кои претходно беа на едно место, а на овој начин се намалува ризикот од трансфер на корона вирусот на пациентите кои доаѓаат во Клиничкиот центар и за друга симптоматологија.
Во просек, дневно, доаѓаат меѓу 70-80 пациенти за преглед или за контрола, закажани преку системот МојТермин, како и за време на дежурство во вечерните часови, изјави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.