Концентрацијата и фокусот се многу важни за функционирањето во секојдневниот живот.
Без концентрација и фокус нема да можете да ги совладате секојдневните обврски, да завршите успешно еден проект, па и да организирате банален настан како што е земање на детето од градинка или школо.
Затоа е важно да ги подобрите концентрацијата и фокусот и тоа со примена на едноставни вежби:
- Читање
Обидете се да потрошите барем 30 минути дневно за читање. Почнете да читате раскази кои полесно ќе ви го задржат вниманието, а потоа префрлете се на стручна или филозофска литература.
Читањето докажано ја зголемува концентрацијата и вниманието.
- Пишување
Обидете се да напишете тескт што содржи барем 300 зборови дневно.
Ако никогаш не сте пишувале, можеби вашите ракописи ќе ви изгледаат недолично, наивно и сл.
Но не се откажувајте се е прашање на развој, труд и истрајност.
- Медитација
Медитацијата е одличен начин да задржите фокус подолго време и веројатно најтешкиот начин.
Кога ќе почнете да медитирате ќе сфатите дека е тешко да останете доследни на една мисла единствено – како што е фокус на дишењето единствено.
Но иако ќе ви надоаѓаат и други мисли, не се откажувајте враќајте се повторно на целите на медитацијата и секојден зголемувајте барем по 5 секунди од медитативната пракса.