На денешната лидерска средба, лидерот на СДСМ, актуелниот премиер Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се договорија да се одложи пописот за септември.

Покрај одложување на пописот договорено е одложување и на локалните избори за наесен.

Како причина за одложување на пописот со физичко присуство е наведена состојбата со епидемијата предизвикана од ковид-19.

Планот е да се создадат работни групи кои ќе договараат набавки на вакцини, а кога имунизацијата на населението ќе биде помасовна ќе се создадат услови за реализирање на пописот.

Премиерот Заев на новинарско прашање дали му е непријатно што граѓаните на Македонија се вакцинираат во Србија одговори дека му е непријатно, но дека ја почитува одлуката на граѓаните да се вакцинираат во пријателска земја како што е Србија и се заблагодари јавно на пријателска Србија што овозможи вакцинација на македонските граѓани.