Во пресрет на локалните избори што ќе се одржан на 17ти Октомври, премиерот Зоран Заев и претседател на владејачката СДСМ најави дека можна соработка со опозициската „Левица“ не е опција токму поради нивната позиција кон НАТО.

За мене во моментот коалиција со Левица значи коалиција против НАТО. Тие се отворено против НАТО, тие отворено го исмејуваат нашиот стратешки партнер САД, кој до сега има вложено 1,5 милијарди евра за нашиот народ и за дигање на капацитетот на нашите институции. Тие се против ЕУ. Тие ќе нѐ скараат со соседите првиот момент кога ќе дојдат. Тие веднаш ќе предизвикаат непријателство внатре, мултиетничко во државата. Тоа е иднината на државата? Ако ние како граѓани сме за таква иднина тогаш може да се определиме така, јас никако не, објави Заев на својот фејсбук профил.