Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето ќе биде задолжителен за патниците од сите земји кои пристигнуваат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека одлуката е „во рамките на напорите за контрола на пандемијата на Ковид-19“, ќе стапи во сила во недела наутро, а исклучок има за патниците кои во земјите престојувале помалку од 48 часа.

Соопштението првично се однесуваше на патниците од Велика Британија и Данска кои пристигнуваат во Грција, а кусо подоцна беше променето со вклучени сите земји.

Мерката, како што пренесува МИА важи за сите патници од сите земји, без разлика дали се вакцинирани или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција.