Во Србија забележан тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции, но сепак Кризниот штаб предложи нови мерки за време на празниците.

Гледаме дека бројот на новозаболени лица опаѓа, но тие се уште се голем број – вели д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и посочува дека ПЦР-тест е неопходен за сите странски граѓани, почнувајќи од 20 декември.

Доколку српските граѓани немаат ПЦР-тест, тие мораат да бидат во домашна изолација 10 дена, и ја прекинуваат кога ќе направат ПЦР-тест.

Претходната мерка – сите угостителски и повеќето трговски објекти да работат до 17 часот и да не работат за време на викендите, е продолжена до петок, 18 декември, а потоа ќе се одлучи дали ќе бидат засилени.