Во Билтен на МВР е заведено дека на 19.04.2022 во 10.00 часот во Скопје од полициски службеници од Одделението за насилен криминал трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е приведен Г.М.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 05.04.2022 на подрачјето на Карпош со тврд предмет физички го нападнал М.С.(44) со живеалиште во Скопје.

За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во СВР Скопје во 15.02 на 05.04.2022 од страна на 43-годишниот М.С. било пријавено дека околу 14.35 часот на ул.„Клепа“, додека се движел заедно со синот, бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет.

Лицето најпрво го нападнало М.С. по што избегало со возило „опел“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во меѓувреме јавноста дозна дека станува збор за втор организиран, испланиран и системски реализиран напад врз новинарот Марјан Стаменковски, инаку сопственик на порталот ДОКАЗМК.

Фотографија направена по првиот напад врз Стаменковски

Прв напад доживеав 20 јули 2015 година на роденден на син ми тогаш 8 годишен онака брутално, со тешки телесни повреди од една друга власт исто како и сега, а им ги чепнеш љубовниците да се покажат нашиве фраери од било која власт праќаат тепачи да тепаат новинари, вели Стаменковски.

Според наводите на порталот доказмк напаѓачот е пронајден, сослушан и не е задржан во притвор и поради бруталниот напад врз Стаменковски, бидејќи ОЈО делото го квалификува како насилство за што казните се мали и незначитални за санкционирање и рехабилитација на напаѓачите.

Доказмк објави фотографии од напаѓачот кој според сведоштвото на нападнатиот, некое време наназад се обидувал да го замолчи Стаменковски со уцени и закани, кој тој не ги сфатил сериозно. Според сознанијата на доказмк напаѓачот Горан Марковиќ е човек близок до поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски и е близок до групи и членови на владејачката партија што може да се докаже со обично прелистување на неговите објави на социјалните мрежи и фотографии кои сведочат за таква блискост.

Фотографија од Горан Марковиќ, кој во наводите на порталот ДОКАЗМК е посочен како извршител на нападот

Забележително ви стана дека во последниве две недели тој Зеко ни стана ПАЦИЕНТ секој ден најдрско, најдиректно го навредувавме и му вадевме криминалии секако со закачки и кон неговата сопруга и швалерките објавувавме на Доказм, но пред овие две недели еднаш објавивме за неговата љубовница Фатима Пател и после за криминалиите со српскиот контраверзен бизнисмен викан ДАКА. Месецот пред овој настан значи некаде во март неколку пати типови на телефонот на Доказ се јавуваа закануваа дека знаат кај живеам и дека Зечевиќ е многу нервозен за моите пишувања и дека ќе ме скршат, убијат, задават итн. Таквите закани ги пријавив, ама искрено не ги рачунав дека се сериозни мислејќи дека ете овие не се ко оние од 2015 та и нема да се служат со вакви методи за физичко насилство, а посебно не пред членови на семејство, само што испадна дека баш се такви, а МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ познат и на врапчињата дека е криминоген да не се навраќаме сте читале и за ролексите и за уцените и за криминалот што тој заедно со брат му директор на ловиштето Јасен и неговата сопруга Снежана Зечевиќ вработена во приватна очна болница ги прават.

Според наводите на ДОКАЗМК, сомнежите се дека овој напад е нарачан од Миле Зечевиќ поради откривање на злоупотреба на моќ и афери кои доказмк ги објавуваше во изминатиот период.

Забележително ви стана дека во последниве две недели тој Зеко ни стана ПАЦИЕНТ секој ден најдрско, најдиректно го навредувавме и му вадевме криминалии секако со закачки и кон неговата сопруга и швалерките објавувавме на Доказм, но пред овие две недели еднаш објавивме за неговата љубовница Фатима Пател и после за криминалиите со српскиот контраверзен бизнисмен викан ДАКА. Месецот пред овој настан значи некаде во март неколку пати типови на телефонот на Доказ се јавуваа закануваа дека знаат кај живеам и дека Зечевиќ е многу нервозен за моите пишувања и дека ќе ме скршат, убијат, задават итн. Таквите закани ги пријавив, ама искрено не ги рачунав дека се сериозни мислејќи дека ете овие не се ко оние од 2015 та и нема да се служат со вакви методи за физичко насилство, а посебно не пред членови на семејство, само што испадна дека баш се такви, а МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ познат и на врапчињата дека е криминоген да не се навраќаме сте читале и за ролексите и за уцените и за криминалот што тој заедно со брат му директор на ловиштето Јасен и неговата сопруга Снежана Зечевиќ вработена во приватна очна болница ги прават.

Кога напад врз новинар ќе се третира како напад врз службено лице и зошто никој не ги штити новинарите?

Апелите на здруженијата на новинари во Македонија се, секој напад врз слободата на говорот на новинарот да се класификува во Кривичниот законик како напад врз службено лице кое ќе биде остро казнувано.

Но и покрај долгата битка што ја водат новинарите, за жал, нападите на новинарите се честа појава во македонското општество што го покажува степенот на демократска зрелост.

Според податоците достапни на официјалната страница на Здружение на новинари на Македонија, само во 2020 година се регистрирани пет вербални и физички напади врз новинари, што е доволен аргумент да се преземат конкретни решенија за заштита на новинарите и интересот на јавноста.