Замислете врска во која еден од партнерите секој ден учи нови работи, се надоградува, го менува погледот на светот, можете да ги видите неговите траформации дури и физички.
За разлика од него, другиот не сменил ништо во животот, не завршил ниту еден курс, не симнал ниту 1 килограм, не прочитал ниту една книга и целосно се откажал од себе.
Дали врската има просперитет или партнерот кој не работи на себе ќе ги влечка надолу партнерот кој работи на себе за да воспостави баланс?
Секако силата на гравитацијата – надолната е секогаш по јака од силата што ја правиме да и се спротивставиме на гравитацијата и да одиме нагоре.
Затоа партнерот кој го влече кон себе другиот партнер, вушност ја влече кон дното и врската, која кога ќе го допре дното мора да заврши.
- Врската треба да ве унапредува
Не треба да сте подебели, покомфорни, помирни и сл. во врската напротив, ако партнерот ви е поддршка вие ќе напредувате, а не спротивно.
- Врската не е поважна од вас
Кога луѓето ќе се посветат на врската, тие може да се сосема коректни во неа, но заборават на себе.
Со тек на време ќе престанете да го импресионирате партнерот и да го предизвикувате.
Тој во вас ќе престане да бара поле за освојување и да ви се восхитува, а без тоа вашата врска пропаѓа.
- Љубомора
Љубомората е здрава доколку е во мали дози. Така покажувате дека партнерот ви значи.
Но, кога сте љубоморни на неговите успеси, на неговата среќа, на неговите индивидуални проекти и имате потреба да им ја намалите вредноста, тогаш вие не сте љубоморни на другите туку на вашиот партнер.
Тука не постои потреба за заштита на врската, туку задушување целосно на партнерот, така што тој ќе е доволно слаб да биде постојано зависен од вас!