Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови.

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува -6 степени, а максималната ќе достигне 7 степени.