Променливо облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 3 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.
Од утре се очекува стабилизација на временските услови и сончево време.