Човекот е создаден да припаѓа на друго човечко суштество, тој не е дизајниран да биде сам. Затоа потрагата по љубовта е вечна, луѓето го поминуваат скоро целиот свој живот трагајќи за љубовта или потврдувајќи ја.
Но за целосно припаѓање, потребна е целосна посветеност. Припаѓањето на друго човечко суштество значи дека некој вам ви е приоритет и вие некому сте му приоритет. Создавањето на заедница, значи и создавање на заеднички цели – како одгледување на деца, купување на недвижнина, воспитание на деца и сл. но заедничките цели не значат прекин на поставувањето на вашиот партнер како приоритет.
Голем број на брачни партнери тврдат дека со доаѓањето на децата во нивните животи, љубовта од партнерот е целосно насочена кон децата и со тек на време љубовта помеѓу партнерите сосема исчезнува иако можеби не престанала да важи брачната заедница.
Единствен начин да се почувствувате сакни, е да се почувствувате уважени од вашиот љубовен партнер. Доколку се почувствувате дека полека но сигурно ве засенуваат неговите обврски, тоа е сигурен пат дека токму тие во еден момент ќе му станат изговор за потполно занемарување.
Посветеноста не е нужна во секој момент, но е важна во вистински момент. Ако вашиот партнер не ви е посветен кога вам тоа ви е најпотребно и кога не можете сами да тагувате или да се радувате, тогаш се помалку ќе ви е важно дали ќе ви биде посветен кога вам тоа нема да ви биде потребно.
Ако можете да бидете без него/неа во клучни моменти од животот, тогаш без проблем можете да бидете сами. Одлуката да се биде сам понекогаш значи и големо ослободување од теретот кој го носи фиктивната заедница.
Затоа, задолжително е во животот да бидете приоритет, ако не на друг/а, тогаш да си бидете приоритет себе си. Тоа е најмалку што може да го направите во услови кога ќе се почувствувате неиспочитувано и неудостоено од вашиот партнер!