Може ли да се замисли македонска кајгана а да нема пиперки во неа! И тоа печена!
Додадете и сланина и добивате незаборавен оброк за појадок или вечера!
Компоненти:
- 4 зелени пиперки,
- 2 црвени пиперки,
- 150 гр сирење,
- 6 јајца, 100 гр кајмак,
- 4-5 лажици млеко,
- масло,
- сол,
- мелен пипер.
Подготовка:
Испечете ги пиперките, излупете ги и извадете ги семките.
Исцедете ја течноста и исечете ги на долгнавести ленти. Во тавче со загреано масло додајте измешан кајмак со млеко, додадете ги парчиња пиперка и прелијте со смесата од изматените јајца и сирењето.
Посолете и побиберете по вкус, па совршените македонски матени јајца се подготвени за сервирање.
Уживајте!