Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесувале 39 710 денари и во однос на јануари годинава се зголемени за 3 399 денари или за 9,49 проценти.

Според анализата на Сојузот на синдикати тоа се должи на растот на цените кој минатиот месец бил најголем кај храната и пијалаците. Од Сојузот бараат поради пресметките за зголемеа минимална кошница и за трошоците за живот веднаш да се пристапи кон потпишување на нов општ колективен договор за јавниот сектор.

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесувале 39 710 денари и во однос на јануари годинава се зголемени за 3 399 денари или за 9,49 проценти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), каде на месечно ниво ја прават синдикалната потрошувачка кошничка, информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5 498 денари или за 16 проценти.

Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е сè поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население, оценуваат од ССМ.

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалаците.

ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор, велат од ССМ.