Автобусите од јавниот превоз во Скопје в понеделник, 24 октомври, ќе сообраќаат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Ќе работат три билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, со тоа што од 17 – 17.30 часот е последно возење од долу нагоре, а во 17.45 часот е последно возење од горе надолу, информира ЈСП.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Штрајк на аеродромите во Италија: Авионите во Рим, Милано, Венеција приземјени, стотици летови се откажани
Следната статијаСрбија ќе ја изземе Македонија од забраната за извоз на природен гас

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде