Во мај во Албанија влегле милион странски и албански државјани, што е раст од 77 отсто споредено со истиот месец минатата и за околу 20 отсто од рекордната 2019 година.

Статистиката покажува дека меѓу земјите од кои влегле повеќе луѓе е Грција со речиси петпати повеќе. По укинувањето на рестрикциите од грчка страна, албанските иселеници почнаа да ја посетуваат својата татковина. Истиот тренд е и за Италија со 30 илјади повеќе патници годинава.

Исто така и кај Британците има силен раст со 10 илјади повеќе од пред една година. Нив ги привлекуваат фестивалите што се одржуваат во Албанија од југ до север на земјата.

Што се однесува до периодот јануари – мај вкупно има 3,45 милиони луѓе кои влегле во земјата, што се приближува до рекордната 2019 година, кога во земјава влегле 3,5 милиони луѓе.

Во однос на начинот на превоз на патници, трендот на раст јасно се гледа кај авионскиот превоз, каде што во текот на мај има зголемување за 180 отсто во однос на мај минатата година.